Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Почнува скринингот во училиштата – денеска ќе се тестираат 258 средношколци

Актуелно

Почнува скринингот во училиштата – денеска ќе се тестираат 258 средношколци

Почнува скринингот во училиштата – денеска ќе се тестираат 258 средношколци

Од денеска почнува скрининг на ученици за ковид-19 во девет средни училишта во Скопје. Во текот на денешниот ден ќе се тестираат 258 средношколци, а низ државата продолжува во Кривогаштани, Берово, Вевчани, Дебарца, Демир Капија, Дојран, Зрновци, Конче, Лозово, Могила, Новаци, Пехчево, Старо Нагоричане и Центар Жупа, соопшти Министерството за здравство.

Тестирањето на учениците, како што се посочува, ќе се спроведува во просторија одредена од страна на училиштето, а тестирањето ќе трае помалку од една минута. Истото е безболно и безбедно, со земање на брис од грло и од носна шуплина.

Целта на скринингот е рано детектирање и евентуално пронаоѓање на асимптоматски носители на ковид-19 меѓу учениците.

„Со релевантните податоци ќе се добие целосна слика на трансмисија на вирусот во училиштата“, во интерес на децата, информираат од Министерството за здравство.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Актуелно

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.