Актуелно
РСБСП со апел: Внимателно и одговорно зад воланот за време на празниците!
Пред нас се денови на празници, неработни денови и продолжен викенд кој најчесто се користи за патување, излети во природа и дружење со семејството и пријателите. Пандемијата со Covid 19, забраната за собирање во поголеми групи, препораките за социјална дистанца и делумното ограничување на движењето, и оваа година ќе остават своја трага и ќе влијаат на тоа како ќе се прослават велигденските и првомајските празници.
Голем дел од граѓаните ќе останат во своите домови, а еден дел секако ќе ја искористат оваа празнична можност да отпатуваат во викенд куќи, во планина, на езеро,…. Секако дека оваа ситуација е добредојдена и препорачена во овие моменти, но РСБСП потсетува дека искуствата од минатите години покажуваат дека за време на поразници, особено за време на продолжен викенд многу често се случуваат сообраќајни незгоди со сериозни и фатални последици.
И покрај тоа што голем дел од граѓаните чувствуваат одреден немир, потреба за поголема слобода, итн. поради мерките кои се преземаат за заштита од вирусот Ковид 19, РСБСП потсетува дека сообраќајот не е место каде што треба да се троши вишокот на адреналин и аперлира да се задржи здравиот разум и одговорноста и максимално да се почитуваат сообраќајните правила и прописи од страна на сите учесници во сообраќајот.



