Актуелно
Македонските млади пример за светот – нудат 10 препораки за нашето општество
За време на пандемија „Финансиска писменост за младите“ е избран за најдобар светски проект за месец април 2021 година.
Проектот се спроведува повеќе од една година од Глобал Шејперс Скопје Хаб, во партнерство со Народната Банка. Ова признание младите го добија од светската Заедница „Глобал Шејперс“, иницијатива на Светскиот економски форум, и тоа во категорија од повеќе од 4.000 проекти водени од речиси 430 хабови, во 150 држави низ светот, од над 13.000 шејпери. Ова е посебна мотивација за нашите шејпери да продолжат со исто темпо, а во блиска иднина очекуваат поддршка и од бизнис секторот, од над 100-те веќе обучени, но и од уште поголем број амбициозни млади професионалци во нашата земја.
Во време на светска здравствена и економска криза, непредвидливост и несигурност, која трае речиси година и половина, македонските млади докажаа дека со здружена акција може да бидат пример и за младите, но и за сите со подолг стаж, во земјата и целиот свет.


