Се откажува фестивалот „Егзит“ во Нови Сад
Годинашниот јубилеен 20. Егзит на Петроварадинската тврдина во Нови Сад, Србија, дефинитивно нема да се одржи. Ова го објавија организаторите на интернет-страницата на фестивалот, нагласувајќи дека „за жал здравствената состојба во земјата не е подобрена“ поради корона-епидемијата.
„Имајќи предвид дека здравјето и безбедноста на сите учесници на фестивалот се наш приоритет број еден, сакаме да ве информираме дека одбележувањето на 20-годишнината од фестивалот Егзит дефинитивно нема да се случи од 13 до 16 август годинава на Петроварадинската тврдина“, се вели во известувањето.



