„Сигурна работа“ – нов телевизиски проект на Телма
Во какви услови работата македонските работници? Колку од нив се пријавени и осигурани? Кој и колку се грижи за здравјето и безбедноста на македонските културни работници, спортисти, новинари, свештени лица, градежници, земјоделци и сите останати…На овие и многу други прашања поврзани со безбедноста и здравјето при работа, ќе одговораме секоја сабота во 14.50 на Телма.
„Проектот СИГУРНА РАБОТА е регионален во соработка со BALcanOSH и ЕУ. Во фокусот на овој проект е Законот за безбедност и здравје при работа и неговата (не)имплементација во многу сегменти од нашето живеење. Освен македонските, пренесуваме искуства и од соседните земји како Албанија, Косово, Србија и Црна Гора“ – вели Јулија Цветковска, новинар и водител на СИГУРНА РАБОТА.
Освен негативните искуства и позитивните пракси, СИГУРНА РАБОТА ќе се обиде да информира и едуцира за сите придобивки и обврски кои што произлегуваат од правилна имплементација на Законот.



