МК Сцена
„ТВ БОКС“: Нова серија која го опишува животот зад телевизиските камери
Од 16 октомври, со почеток во 22:00 часот, на телевизија Телма ќе почне со емитување новата македонска телевизиска серија – ТВ Бокс.
Серијата е работена според истоимената театарска претстава, која е прв проект на независнаото здружение за афирмација Луменетика Проект.
Серијата е работена во копродукција со 3Д Проџект Студио, во режија на Златко Славенски, a во неа играат: Ангела Стојановска, Ирена Мирческа, Васко Костовски, Христијан Поп Симонов и Владанка Димковска.




