Традиционална новогодишна донација од Бимилк за децата од социјалните организации
Новогодишните празници се омилен дел од секое дете, па во пресрет на празниците Битолска млекара традиционално и оваа година ги израдува децата од семејства во социјален ризик со донација на млечни пакетчиња.
Донацијата се состои во пакетчиња со млечни производи и сокови од портфолиото на компанијата, а се опфатени над 780 деца од целата држава.
Распределбата и доставата на пакетчињата се одвива преку организациите Црвен крст на Република Северна Македонија, општинска организација Центар – Скопје, општинска организација Кисела Вода и општинска организација Битола, Дневен центар за лица со Даунов синдром „Доза среќа“, Граѓанско здружение за унапредување на образованието кај Ромската популација „Ирхом Топаана“, Организација на жени Турчинки од Македонија „Дерја“ и Здружението за заштита и едукација на деца и млади Роми „Прогрес“.



