Актуелно
Во 2021 година кон домашните е-трговци се слеале 335,3 милиони евра
Од започнувањето на пандeмијата, е-трговијата на глобално ниво забележа значително забрзан раст. Исклучок од ова не беше ниту Северна Македонија каде забележителен е значителен раст во бројот и вредноста на реализирани онлајн трансакции и тоа најмногу во трансакциите реализирани со домашни картички кон домашни е-трговци.
Иако пандемијата стивнува и работите веќе се враќаат во нормала, растот на новоотворените е-продавници, како и бројот и вредноста на реализираните е-трансакции продолжува и понатаму, со поголема динамика од пред пандемијата.
Согласно последните објавени податоци за платежна статистика од Народната Банка на Република Северна Македонија, кон домашните е-трговци се слеале 335,3 милиони евра во 2021 година што претставува раст од 47,9% споредено со 2020 година. Од нив 5% се реализирани со странски картички, додека 95% со домашни платежни картички.

