Актуелно
„Алфите“ во мај привеле 145 лица
Единицата за прв одговор и интервенција – Алфа во текот на минатиот месец извршиле легитимирање на 451 лице, преглед на 12 лица и на 72 патнички моторни возила, а по разни основи привеле 145 лица.
По основ на телеграма приведени се 32 лица, по потрага, гласник или наредба од Основен суд 8 лица, под сомнение за извршено кривично дело 18 лица, по извршено кривично дело 11, на лице место во вршење кривично дело биле приведени 2 лица, за издржување казна затворедно лице, за утврдување идентитет – три лица и за недозволени предмети приведено е едно лице;
Вкупно приведени лица за нарушување на јавен ред и мир се 23 лица, за учество во тепачка 13 лица, за физички напад 2 лица, за карање или викање 4 лица, за останати прекршоци лица 4 лица, за напад на службено лице исто така 4 лица.



