Вести
Американците го слават Денот на независноста
САД го одбележуваат денеска националниот празник, Денот на независноста, со зголемени мерки за безбедност.
Стејт департментот на САД изврши проверка на безбедноста на американските дипломатски претставништва во светот, во пресрет на 4 јули, изјави портпаролот Џон Кирби.
Гувернерот на Њујорк Ендру Куомо наложи затегање на мерките за безбедност во целата држава, во одговор на повикот за будност, упатен од федералната власт.



