Актуелно
Денеска променливо време, од утре сончево и многу топло со тропски температури
Времето во Македонија претпладне сончево, a попладне со умерена локална облачност. Во крајните североисточни делови, можна е и изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.
Температурата ќе се движи од 25 до 35 степени.
Во Скопје претпладне сончево, а попладне со умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.



