Вести
Авицена Женска трка со рекорден број учеснички, најуспешните со вредни награди (ФОТО)
Шестото издание на Авицена Женската трка, во организација на Сојузот на спортови на Скопје, а под покровителство на Град Скопје и со поддршка на Агенцијата за млади и спорт на Република Македонија за прв пат како улична трка обедини над 1.700 жени. Бројката на пријавени учеснички оваа година беше рекордно висок одзив на учество на оваа трка која е дел од промотивните трки на Виз Ер Скопскиот маратон.
Трите најдобро пласираните Милјана Ристиќ, Марго Бојаџиева и Рената Соколовска, според Gun Time, добија вредни награди.
Учесничките на Авицена Женската трка минаа 2 километри на булеварот Илинден во Скопје манифестирајќи силна желба да се биде дел од масовна спортска манифестација која ги обединува жените од сите возрасти без разлика на претходното искуство во трчањето.






