Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Автобусот со број 50 од денеска повторно ќе застанува во ГТЦ

Вести

Автобусот со број 50 од денеска повторно ќе застанува во ГТЦ

Автобуската станица во Градскиот трговски центар од денеска повторно ќе почне да функционира. Тука ќе застанува автобусот со број 50, кој сообраќа од Хиподром до Клиничкиот центар.

– Сега ја враќаме автобуската станица за број 50, наместо спроти Културниот – информативен центар ќе поминува низ ГТЦ. Тоа важи само за автобусот со број 50, изјави вчера скопскиот градоначалник Петре Шилегов.

Автобусот со број 50 кон Клиничкиот центар ќе сообраќа по изменета траса, по автобуската постојка „МНТ“ на улицата „Филип Втори Македонски“ ќе ја користи постојката во сутеренот на Градски трговски центар, а потоа ќе ја користи автобуската постојка „Центар-Рекорд. Автобусот од Клиничкиот центар кон Хиподром ќе сообраќа по постојната траса.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Вести

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.