Ново омилено место за мода во Скопје
Изминатата година ни покажа колку имаме потреба од љубов, поддршка и колку всушност сме биле среќни кога сме можеле да уживаме во нашите секојдневни омилени нешта. Со почетокот на оваа 2021 година, во нашиот главен град, започнува една нова приказна која во фокусот ги става токму љубовта, поддршката и модата.
„Елена Лука го сака ГТЦ“, „Елена Лука го сака Скопје“ е пораката која модната куќа ја праќа со отворањето на новиот Showroom во центарот на градот, на првиот кат во ГТЦ (до кино Милениум).
Ова воедно е порака за љубов на сите оние кои со години ја следат работата на брендот, но и кон оние што допрва ќе станат дел од Елена Лука семејството, домашната модна сцена, уметноста…





