Вести
Автомобил пловеше во Вардар, пожарникарите го извлекоа кај МНР (ФОТОГАЛЕРИЈА)
Пожарникарите, по речиси три часа пловење низ водите на реката Вардар, го извлекоа автомобилот кој попладнево падна во реката, кај самиот градски кеј.
Според информации пренесени од дел од порталите, жолтиот „нисан“ бил на актерката Весна Петрушевска, а паднал во Вардар откако таа го паркирала под мостот и отишла на своето работно место во Македонскиот народен театар.






