Вести
Бејли: Изборите мирни со неколку нерегуларности
Амбасадата на САД ја дели оценката на ОБСЕ/ОДИХР за предвремените парламентарни избори дека се спроведени мирно со неколку процедурални нерегуларности, изјави денеска амбасадорот на САД Џес Бејли.
– САД ги поздравуваат сите граѓани кои го исполниле своето право да гласаат на изборите на 11 декември. Ја поздравуваме прелиминарната оценка на ОБСЕ и ОДИХР дека изборите беа компетитивни и дека беа почитувани фундаменталните слободи. Излезноста беше добра, а изборите беа спроведени мирно со неколку процедурални нерегуларности. Ја изразуваме загриженоста на мониторинг тимот на Американската амбасада за административната подготовка на изборите и ја повикуваме идната влада да продолжи да работи на градење на капацитетите на ДИК и да ги разреши структурните и правните прашања кои се однесуваат на Избирачкиот список, изјави Бејли.
Тој истакна дека изборите на 11 декември беа важен чекор за излегување на Македонија од политичката криза.



