Вести
Бимилк ги зголеми и модернизираше производствените капацитети
Најголемата млекарница во Македонија продолжува да вложува во врвна технологија и во зголемување на производствените капацитети.
Најновата инвестиција во износ од 2 милиона евра се однесува на набавка на современа опрема за полнење ПЕТ-шишиња. Опремата е веќе доставена во Млекарницата и со неа се произведуваат Битолски јогурт, Битолски густ јогурт и Баланс+ во ПЕТ-амбалажа.
Новата „ultra clean“ машина, од најнова генерација, овозможува уште поголема сигурност и исклучителен квалитет на производите. Станува збор за флексибилна машина која може да полни различни формати на производи, во ранг од 250 г до 1 500 г. Оваа најмодерна машина има капацитет на полнење од 6 000 до 7 000 шишиња, што ќе доведе до зголемување на производните капацитети на Млекарницата за 50 насто.



