Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Бимилк подароци за децата од социјално-загрозените и ранливите категории низ цела Македонија

Актуелно

Бимилк подароци за децата од социјално-загрозените и ранливите категории низ цела Македонија

За повесели и посреќни празници Бимилк и оваа година за децата од ранливите категории донираше новогодишни пакетчиња низ цела Македонија, со што придонесе за новогодишната и празничната радост да стигне во што повеќе домови и до секое дете.

„Празниците се период за споделување, а новогодишните празници се најголемата радост за децата. Тоа што живееме во време на економска нестабилност не треба да нè спречува како општествено одговорни компании сите да помогнеме и да придонесеме за секое дете да ја почувствува радоста и задоволството на празниците. Лично сметам дека е наша обврска да ѝ вратиме на заедницата во која дејствуваме, бидејќи токму таа заедница е онаа што го гради брендот на Бимилк веќе 70 години наназад. Децата се нашата клучна категорија и секој придонес за нивно подобро здравје е наша долгорочна цел и заложба на која континуирано работиме“, изјави Полексена Јанкуловска, регионален маркетинг-менаџер во Бимилк.

За донацијата се избрани омилените производи за децата така што пакетчињата содржат различни млечни производи со овошни и чоколадни вкусови и сокови од портфолиото на компанијата. Новогодишни подароци од Бимилк ќе добијат 780 деца од осум социјални и згрижувачки центри од целата држава. Распределбата и доставата до децата се одвива преку организациите на Црвен крст, општинска организација Кисела Вода и општинска организација Битола, Дневен центар за лица со Даунов синдром „Доза среќа“, Институт за Церебрална парализа – Битола, Граѓанско здружение за унапредување на образованието кај Ромската популација „Ирхом Топаана“, Центар за лица со Даунов Синдром/Инвалидитет – Битола, СОС детско село и Детскиот креативен центар во склоп на МКЦ, Аутизам ААМК.

Битолска млекара и во минатото помагала на најразлични начини за социјално ранливите категории и за добросостојбата на заедницата воопшто, соработувајќи со повеќе невладини организации и здруженија.

Повеќе од Актуелно

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.
Please accept [renew_consent]%cookie_types[/renew_consent] cookies to watch this video.