Вести
ВРЕМЕТО ДЕНЕС: Сончево со мала до умерена облачност
Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне особено во западните делови облачноста ќе се зголемува. Ќе дува слаб до умерен претежно јужен ветер.
Утринската температура се движеше од 0 во Берово, 1 Претор и Битола, 2 Крива Паланка, Тетово, Струмица и Лазарополе, 3 Охрид и Прилеп, 4 Штип, Крушево, Скопје, Куманово и Маврово, 5 Демир Капија, Дебар, Виница и Пожаране, 6 Дојран, Тополчани и Ѓуриште, до 7 степени во Гевгелија. Дневната температура ќе се движи од 11 до 19 степени.
Во Скопје слично време, сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен јужен ветер. Утринската температура ќе се спушти до три, а дневната ќе се искачи до 18 степени.



