Актуелно
Битолчани повредени во сообраќајка кај Кавадарци
Двајца битолчани се повредени синоќа во сообраќајка кај Кавадарци, кога автомобилот со кој се движеле, излетал од коловозот и удри во бетонска шахта.
Како што информираше денеска Анита Стојковска, портпарол на СВР Велес, сообраќајната несреќа се случила синоќа во околу 21 часот на регионалниот пат Мотел Дреново – Кавадарци, кај крстосницата за село Ресава.
– Патнички автомобил марка „БМВ“ со скопски регистерски ознаки управуван од Е.А. (1987) од Битола, излетал од коловозот и удрил во бетонска шахта. Во несреќата со повреди се здобиле возачот на автомобилот и сопатникот И.П. (1983) од Битола , кои се пренесени во ЈЗУ Општа болница Кавадарци, соопшти Стојковска.



