Вести
Цела Македонија под нулата, Маврово најстудено со -19
Во Маврово утрово е измерена најниска температура од -19 степени, следи Крушево и Лазарополе со -18, Тополчани и Ѓуриште -17, Пожаране -15, Прилеп, Крива Паланка и Берово -14, Претор, Охрид, Виница, Дебар, Куманово и Битола -13, Штип и Тетово -12, Скопје -11, Струмица, Демир Капија и Дојран -10 до -8 во Гевгелија.
Врнежи се регистрирани во текот на изминатите 24 часа во Берово, Битола, Прилеп, Виница и Ѓуриште 1 литра, Крива Паланка и Куманово два, Пожаране три, Тополчани четири и Маврово пет литри.
Висината на снежната покривка се движи од 4 Дојран, 8 Претор, 10 Струмица, 11 Виница, Скопје-З.Рид, 12 Д. Капија, 14 Прилеп, 15 Штип, 18 Скопје Петровец, 19 Охрид, 20 Куманово, 21 Битола, 23 Крушево, 25 Кр. Паланка, 26 Ѓуриште, 27 Берово, 30 Дебар, Тетово, 34 Тополчани, 51 Лазарополе, 60 Пожаране до 84 во Маврово.



