Актуелно
Чавков: 19 приведени, претреси на 24 локации во Велес, Неготино, Гевгелија и Скопје
Вкупно 19 лица се приведени, по три се трага, едно лице се наоѓа надвор од територијата на Република Македонија и едно лице е на издржување казна затвор. Извршени се претреси на 24 локации во Велес, Неготино, Гевгелија и Скопје.
Ова е билансот од акцијата „Којот“ на Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал при МВР, во содејство со основното јавно обвинителство, информираше на денешната прес-конференција министерот за внатрешни работи Митко Чавков.
Во текот на денот по целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена кривична пријава за повеќе лица поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злосторничко здружување“, „разбојништва“, „лажно претставување“, „криумчарење мигранти“, „злоупотреба на службената положба“ и „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.



