Актуелно
Големата коалиција го оствари ветувањето – за собрани приближно 400 тони отпад, засадени 40.000 дрва
Со засадување на 40 000 садници заокружена е големата акција Сончева Гора. Заедно со акцијата ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД 2022, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Национални шуми во соработка со Мен енд Маунтен заедно со Пивара Скопје, Пакомак и Министерството за животна средина и просторно планирање успешно ја заокружија соработката потсетувајќи ги граѓаните и институцииите дека само со заеднично делување може да се подобри квалитетот на животот и да се допринесе кон одржлива животна средина.
Во изминатите два месеци, се реализираше акцијата за пошумување на шумските насади наречена „СОНЧЕВА ГОРА“ во чии рамки Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство заедно со Национални шуми, волонтерите на Пивара Скопје и локалното население засадија околу 40.000 дрва – 10.000 дрвја во Ќојлија (Петровец) и 30.000 дрвја во Велес, во близина на езерото Младост. Со оваа акција се реализираше ветувањето што беше дадено оваа пролет од Пивара Скопје, Мен енд Маунтен, и Пакомак поддржани од Министерството за животна средина и просторно планирање, по акцијата за чистење на отпад – „ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД 2022“ – за секои 10 килограми отпад што ќе се соберат, да се посади по едно дрво. Еко-акцијата беше спроведена во 26 општини ширум земјата, а во неа учествуваа над 8000 волонтери, со што заслужено го доби приматот – најмасовна еколошка акција коja досега била спроведена во нашата земја.








