Вести
Четири сообраќајки во Скопје, две лица со телесни повреди
Сообраќајната полиција во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Скопје изврши увид на вкупно четири сообраќајни несреќи, во кои две лица се здобиле со полесни телесни повреди, а четири со полесни повреди.
Како што информираа за МИА од СВР – Скопје, во текот на изминатиот ден по спроведените контроли над учесниците во сообраќајот од страна на сообраќајната полиција, откриени и санкционирани се поголем број прекршоци.
Санкционирани се повеќе возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената, двајца возачи поминале на црвено светло на семафор, двајца возачи не отстапиле првенство на минување на пешаците на обележан пешачки, а 10 возачи ги управувале своите возила без возачка дозвола односно нерегистрирани. Затекнати се 38 непрописно паркирани возила.



