Вести
„ЦИВИЛ“: Забележани се технички проблеми, неправилности во Избирачкиот список и кршење на молкот
Претседателот на Здружението „Цивил – Центар за слобода“ Џабир Дерала, на денешната прес-конференција изјави дека на референдумското изјаснување се забележани технички проблеми, неправилности во Избирачкиот список, доцнење при отворањето на некои избирачки места, како и кршење на изборниот молк.
Според извештаите на набљудувачите на „Цивил“ на самиот старт се забележани помали технички проблеми, како што наведе Дерала, не работат УВ ламбите во неколку избирачки места во Општина Петровец.
– Во неколку скопски општини се нотира помало доцнење на отворањето на избрачките места. Видливи се и траги од кршењето на изборниот молк во голем број општини низ целата земја. Некои графити се и на самите училишта и згради каде што се одвива гласањето, како што е случајот во Јагуновце и Петровец, посочи Дерала.



