Вести
ДИК: Гласањето мирно и без неправилнота, до 11 часот изелезеноста 8,03 отсто
До 11 часот на 3.480 гласачки места на територијата на Република Македонија гласањето тече мирно и без неправилности. Од обработените 92,06 отсто од податоците од избирачките места до 11 часот на гласање излегле вкупно 8,03 проценти од запишаните гласачи на овие избирачки места.
До ДИК до овој момент, како што информираше на прес-конференцијата портпаролката на ДИК Љупка Гугучевска, доставени се седум приговори за заштита на личното избирачко право. Три од нив се одбиени, додека четири се во обработка.
На бесплатната телфонска лиија 0800 555 44 преку која граѓаните можат да пријавуваат неправилности или да поставуваат прашања до ДИК, граѓаните ја користат оваа телефонска линија, а главно, нагласи Гугучевска, прашањата се во врска со нивното лично избирачко право. Од ДИК апелираат во такви случаи граѓаните да оставаат свои податоци за контакт за да можат службите од ДИК да им одговорат на поставените прашања.



