Вести
ЦРНИ БРОЈКИ: Повредени 25 лица во 33 сообраќајки викендот во Скопје
Дваесет и пет лица се здобиле со полесни повреди во 33-те регистрирани сообраќајни несреќи во изминатите три дена на подрачјето на СВР Скопје.
Од евидентираните 10 сообраќајки во петокот, во три полесно се повредени пет лица, a седум незгоди се со последица материјална штета.
Во саботата, пак, се случиле 16 сообраќајни незгоди, при што во 11 несреќи полесно се повредени 16 лица. Во пет сообраќајки е причинета само материјална штета.



