Актуелно
Црвен Крст дистрибуира 60 тони вода и 8.283 пакети со храна
Изминатите четири дена тимовите на Црвениот крст на РМ до најпогодените подрачја од саботното невреме дистрибуираа 8.283 пакети со храна (секој наменет за четири лица), 818 пакети со хигиенски средства, 60 тони вода, 350 пелени, 394 душеци, 1.078 кебиња и 598 килограми облека.
Укажани се и 50 асистенции по прва помош, а реализирани се и четири медицински транспорти.
Во помагањето на загрозените земејства се вклучени 80 лица (волонтери и стручна служба на Црвениот крст), седум мобилни тимови за прва медицинска помош и активиран е целокупниот логистички потенцијал на Црвениот крст на РМ.



