Актуелно
ЦРВЕН КРСТ: Најпотребни се донации од храна, пелени, вода и средства за хигиена и дезинфекција
Поројните врнежи од дожд предизвикаа поплави на населени места и плодни површини во Скопје и Тетово. Поплавите на жал предизвикаа човечки загуби, како и големи материјални штети кои непосредно го погодија населението, за што веднаш беа преземени соодветни мерки за ублажување на последиците предизвикани од поплавите.
Во текот на изминатата ноќ тимовите на Црвениот крст на РМ се вклучија во помош, поддршка и евакуација на жителите во општина Гази Баба и беше дистрибуирана хуманитарна помош во храна, ќебиња, душеци, вода за пиење за 1.000 лица.
По првичната процена во текот на утринските часови на денешниот ден беше извршена дополнителна дистрибуција на хуманитарна помош во вода за пиење ( 35 т), храна, хигиена, душеци, ќебиња, облека за дополнитени 1.000 лица.



