Актуелно
Дел од плажите на охридско-струшкото крајбрежје немаат спасители
Дванаесет плажи на охридското крајбрежје и девет од струшкото се уште немаат ангажирано спасители на вода, информира денеска претседателот на општинската организација на Црвениот крст во Охрид Сашо Точков.
Со тоа, според него, концесионерите на плажите ги немаат обезбедено потребните услови за безбедно капење, спорт и рекреација.
– Дел од концесионерите се уште немаат ниту обележани плажи, ниту пак ангажирани спасители. Состојбата е уште полоша во Струга каде од 15 плажи само шест имаат воспоставено безбедносни критериуми, а останатите се небезбедни за капење, спорт и рекреација, изјави Точков.



