Актуелно
Денеска се одбележуваат 70 години од објавувањето на македонскиот правопис
Во организација на Македонската академија на науките и уметностите, Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ и Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, денеска во МАНУ ќе се одржи свечен собир по повод 70-годишнината од објавувањето на македонскиот правопис.
Поздравни обраќања ќе имаат претседателот на МАНУ, академик Владо Камбовски, в.д. директорот на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ проф. Елена Јованова-Грујовска и деканот на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ проф. Славица Велева.
Излагање на тема „Современиот македонски литературен јазик“ на собирот ќе има академик Блаже Ристовски.



