Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

ДИК: До 17 часот излезноста на иселениците 36,56 отсто, а во КПУ 64,69 проценти

Вести

ДИК: До 17 часот излезноста на иселениците 36,56 отсто, а во КПУ 64,69 проценти

Вкупно 985 македонски иселеници или 36,56 отсто до 17 часот излегле да гласаат за референдумското прашање, но во нив не се влезени оние од САД, Канада и Лондон (вкупно пет гласачки места), каде гласањето трае до 19 часот по локално време, соопшти вечерва Државната изборна комисија (ДИК).

Гласачките места, пак, во казнено-поправните установи низ земјава, вкупно 13, се затворени и до 17 часот излезноста е 64,69 отсто. Гласале 1.008 од евидентираните 1.558 лица со право на глас.

Според информациите од општинските изборни комисии, во своите домови гласале 1.520 болни или изнемоштени лица од запишаните 1.859, но ова гласање се уште трае додека сите што се пријавиле, не добијат можност да гласаат.

До овој момент, беше речено на прес-конференцијата, ДИК добила три приговори за заштита на личното избирачко право, но сите се одбиени.

Пресекот од гласањата и излезноста до 19 часот ДИК ќе ги објави во текот на утрешниот ден.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Вести

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.