Шоубиз
Од злоупотреба и детска порнографија до сексуална трговија: Еден од најпопуларните пејачи во светот осуден на 30 години затвор
Американската ѕвезда, пејач, текстописец и продуцент Р. Кели (Роберт Силвестер Кели) е осуден на 30 години затвор во њујоршкиот суд затоа што ја искористил својата медиумска популарност и слава за да младите обожавателки, меѓу кои голем број девојчиња, ги изложи на систематска сексуална злоупотреба.
55-годишниот пејач и текстописец минатата година беше осуден за рекет и сексуална трговија на судење кое за прв пат им даде можност на жртвите да проговорат затоа што претходно биле игнорирани само затоа што се Афроамериканки.
Музичарот се соочуваше со обвинувања речиси три децении, но секогаш ги негираше. Но, кога жртвите зборуваа за тоа на телевизија, ситуацијата конечно беше сфатена сериозно. Дури девет жени и двајца мажи го признале сексуалното насилство или понижување кое им го нанел пејачот.





