Вести
ДИК го отфрли последниот приговор на СДСМ за изборите
Државната изборна комисија (ДИК) синоќа со четири гласа „за“ и четири гласа „притив“ го одби приговорот на Коалицијата предводена од СДСМ за постапката за гласање, сумирање и утврдување на резултатите, а со кој се бараше поништување на гласањето на избирачкото место број 2011 во Општина Теарце во Шестата изборна единица.
Претставникот делегиран од ДУИ во ДИК Субхи Јакупи се иззема од гласањето. За прифаќање на приговорот гласаа членовите на ДИК Виолета Дума, Игор Милев, Реџеп Прокупца и претседателот на ДИК Александар Чичаковски, а против Силвана Бонева, Сашо Срцев, Бедредин Ибраими и Атанас Урумов.
Пред гласањето ДИК изврши проверка на избирачкиот материјал и ги сослуша членовите на Општинската изборна комисија и на Избирачкиот одбор од ИМ во Теарце.



