Актуелно
ДИК треба да одлучи дали ќе има прегласување во Теарце
По Одлуката на Управниот суд да прифати една тужба со која се поништува гласањето на избирачкото место 2011 во Теарце во ИЕ 6, Државната изборна комисија треба да направи симулација дали прегласувањето ќе влијае на вкупните резултати од изборите на 11 декември.
Според роковникот на ДИК, гласањето ќе се повтори само ако вкупниот број на запишани избирачи на тоа избирачко место на ниво на Изборна единица влијае на вкупните резултати. Доколку има влијание, прегласувањето ќе се повтори 14 дена по денот на изборите, односно на 25 декември.
На избирачкото место 2011 во Теарце во Избирачкиот список се запишани вкупно 714 гласачи. На 11 декември на гласање излегле 404 од кои 91 гласале за ВМРО-ДПМНЕ, 87 за СДСМ, 65 за Беса, 64 за ДПА, 53 за ДУИ, 25 за Алијансата на Албанците и по еден за ВМРО за Македонија и за Коалицијата за промени и правда – Трет блок.



