Вести
ДОАЃА ПОЛАРЕН БРАН: Северен ветер, снег и температури од -20 степени овој викенд!
Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за утре кон крајот на денот и во среда најави локални врнежи од дожд, на повисоките места од дожд и снег, а на планините од снег, особено во западните и северозападните делови.
Според УХМР, од четврток нашето подрачје ќе потпадне под влијание на циклонска активност и на северно воздушно струење, што ќе предизвика значителна промена на времето. Ќе биде многу студено со врнежи од снег и насекаде ќе се формира снежна покривка, која на планините ќе биде позначителна. Ќе дува засилен, повремено силен северен ветер, поради што на места ќе има и снежни наноси.
Во петок и во деновите од викендот температурите ќе бидат многу ниски, како утринските така и дневните и насекаде ќе бидат под нулата.



