Актуелно
Донација од Бимилк за Млечната кујна во Детската клиника во Скопје (ФОТО)
По повод Светскиот ден на детето, вчера Бимилк донираше Битолско трајно млеко со 10 витамини за Млечната кујна во Детската клиника во Скопје. Со овој хуман гест Бимилк продолжи со донаторските акции кои освен што имаат за цел да го разубават секојдневието на болните дечиња, ја збогатуваат и исхраната со еден од основните производи за здрав и правилен раст и развој.
– „Не може да се опише чувството кога ќе ја видите насмевката на детските лица. Тоа е нашиот поттик како општествено одговорна компанија постојано да се стремиме да го поддржуваме и разубавуваме секојдневието на оние на кои тоа им е најмногу потребно. Консумирањето на млеко, особено витаминското млеко е многу важно за здравјето на децата и поради тоа се одлучивме токму на Светскиот ден на детето на Детската клиника во Скопје да и донираме Битолско трајно млеко кое ги содржи 10-те најзначајни витамини за правилен раст и развој. Им посакуваме на сите дечиња во болницата побрзо да оздрават и да ги задржат насмевките на своите лица.” – изјави Полексена Јанкуловска, маркетинг менаџер во Бимилк.




