Актуелно
Дожд и до 30 литри на квадрат и снег на планините
Времето денеска во Македонија ќе биде облачно со врнежи од дожд, а на повисоките планини од снег. Попладне, особено во текот на ноќта кон четврток ќе има обилни врнежи од дожд и локално се очекува да наврнат над 30 литри на метер квадратен.
Најмногу врнежи ќе има во западните и северните делови. На највисоките планини врнежите ќе бидат од снег, но во текот на ноќта и во утринските часови во четврток поради продор на постудена воздушна маса снежната граница ќе се спушти и до илјада метри надморска височина.
Утринската температура ќе се движи од три до седум, а дневната од седум до 13 степени.


