Актуелно
Драма во Охрид: Жена се фрлила во езерото во обид да се самоубие
Насловната фотографија е преземена од сајтот Ohrid1.com
Вистинска драма во Охрид. Полицијата заедно со тимови на спасувачките служби при Општинската организација на Црвениот крст од Охрид од утрово го пребаруваат крајбрежниот појас на Охридското Езеро, во потрага по исчезнато лице.
Полицијата го потврди случајот со информации дека исчезнувањето на жената било пријавено рано изутринава околу 1 часот.



