Магазин
Рок легендата Џон Бон Џови спречи жена да скокне од мост
Рок иконата Џон Бон Џови убедил непозната жена да не скока од мост додека снимал музичко видео во Нешвил.
Музичарот успеал да ја наговори неименуваната жена да се врати назад преку оградата на пешачкиот мост Џон Сејгенталер.
Како што соопшти полицијата, инцидентот се случил во вторникот вечерта додека пејачот снимал музичко видео на шеталиштето.




