Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Двајца приведени по вчерашниот протест пред Собранието

Актуелно

Двајца приведени по вчерашниот протест пред Собранието

Во текот на вчерашниот ден, по протестите одржани пред Собранието на Република Македонија се приведени две лица на кои им се поднесени прекршочни пријави, информира денеска помошник министерот за внатрешни работи Иво Котевски, во касарната Ѓорче Петров каде што по повод одбележувањето на Денот на полицијата се реализира отворен ден за граѓаните, кои ќе можат да ја разгледаат изложената опремата од единиците во МВР.

Тој истакана дека во врска со завчерашните насилни протести пред Владата на Република Македонија кога беа повредени 38 полицајци, идентификувани се уште 9-мина учесници, но се уште се работи на квалификации на нивните дела во соработката со надлежниот јавен обвинител.

Претходно идентификуваните четири лица кои учествувале во насилствата врз полицијата, од кои две се претходно добро познати на полицијата, веќе се предадени на надлежниот јавен обвинител. Како што појасни Котевски, против првоосомничениот досега во 40 наврати се поднесувани разни кривични пријави поврзани со „насилен криминал“, додека за второосомничениот има 30 – тина прекршочни пријави.

– Од останатите приведени, досега на 17 лица им се издадени глоби и поднесени им се прекршочни пријави заради непочитување наредба издадена од овластено службено лице од надлежен државен орган, истакна Котевски.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Актуелно

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.