Балкан
„НЕ ДАВАЈ СЕ, МЛАДОСТ МОЈА!“ Раде Шербеџија со силна поддршка за студентите во Србија
Познатиот актер Раде Шербеџија им се приклучи на студентите и граѓаните во Србија кои протестираат за правда по трагедијата на железничката станица во Нови Сад.
Во емотивно видео објавено на својот Инстаграм профил, Шербеџија изрази поддршка за студентите, велејќи:
„По овие протести на молк, вашиот протест, драги деца, сите мои концерти ги започнувам со молк. Почнувам со реченицата на Крлежа што ја напиша по студентската револуција во 1968 година. Јас, деца, молчам заедно со вас, молчам затоа што ве поддржувам во ова. Ова е ваше време и имате право да го објасните за некоја подобра иднина што ви припаѓа и немам што друго да ви кажам освен да ве поддржувам со целото мое срце. Не само јас, туку сите нормални луѓе. Не се давај младост моја.“




