Вести
Двајца загинати од пукањето на „Рузвелтова“, третиот се лекува на КАРИЛ
Од повреди од пукањето во престрелката што ноќеска половина час по полноќ се случила на ул. „Франклин Рузвелт“ починал уште еден од тројцата патници во возилото „сеат алтеа“.
Од Ургентен центар потврдија дека на повредите им подлегнал и 47-годишен кој два часа по приемот, односно околу 3 часот по полноќ, им подлегнал на тешките повреди од истелите од огнено оружје.
– И покрај напорите на лекарскиот тим, повредениот им подлегна на повредите, изјави д-р Алберт Леши, раководител на Ургентен центар во комплексот-клиники „Мајка Тереза“.




