Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Два големи шумски пожари во Крива Паланка

Вести

Два големи шумски пожари во Крива Паланка

Два големи шумски пожари во кои горат борова шума, стрништа и трње трева се активни во Крива Паланка од вчера околу 14 часот. Пожарите се на две локации, во селата Габар и Осиче.

– Три екипи на Територијалната противпожарна единица од Крива Паланка интервенираа со три возила и деветмина пожарникари. Дополнително гаснеа 15 вработени од јавното претпријатие „Македонски шуми“ – Подрачно шумско стопанство Осогово, една екипа пожарникари од општина Ранковци и вработени од ПЕ на Дирекцијата за заштита и спасување од градот. Се работи за непристапен терен, па се гасне исклучиво со напртњачи, информира Иле Коцевски, командир на ТППЕ, Крива Паланка.

Екипите гаснеле до доцна синоќа, по што биле повлечени, а веќе од пет утринава повторно се на терен.

Пожарите се уште се активни, а поради обемот закажан е состанок на координативниот општински штаб.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Вести

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.