Актуелно
Еден загинат и петмина повредени во пукотница во Тетово
Едно лице почина, а петмина се повредени во вооружен инцидент што синоќа околу 22 часот се случи во кафе барот „Бар код“ во Тетово.
Според првичните и неофицијални информации засега непознато лице од огнено оружје истрелало повеќе куршуми кон група лица што била во кафе барот. При тоа три лица се здобиле со потешки, а три други лица со полесни повреди.
Тројцата потешко повредени веднаш биле однесени кон Скопје, но по пат еден од нив починал додека другите двајца, еден со прострелна рана во стомакот и другиот со прострелни рани во натколеница и потколеница, биле примени во Ургентниот центар во Скопје каде им била укажана лекарска помош.



