Шоубиз
Раперот Тејкоф од групата „Мигос“ е убиен во престрелка во Хјустон
Американскиот рапер Киршник Хари Бол (28), попознат како Тејкоф од хип хоп групата „Мигос“, утрово е пронајден мртов по пукање во Хјустон, пишува ТМЗ.
Очевидци и извори од полицијата за странските медиуми изјавија дека инцидентот се случил околу 2.30 часот наутро, по локално време. Во тоа време, властите добиле повик дека човек бил застрелан во кугланата „810 Billiards & Bowling Houston“.
Изворите тврдат дека Тејкоф и Куаво, исто така член на триото Мигос, се коцкале, по што настанала расправија и почнало пукањето. Раперот Тејкоф наводно бил застрелан во главата, или во близина на главата, а кога бил пронајден, на местото на настанот бил прогласен за мртов.





