Актуелно
ФОТО: Одадена почит за жртвите од катастрофалниот земјотрес во Скопје
На Градските гробишта во Бутел, официјални делегации и претставници на институции денеска положија цвеќе пред споменикот на жртвите од катастрофалниот земјотрес што во 1963 година го разори Скопје.
Цвеќе во спомен на жртвите во катастрофалниот земјотрес положија и официјална делегација на Градот Скопје, составена од градоначалникот Коце Трајановски и претседателот на Советот на Град Скопје, Ирена Мишева, делегации на Владата, на Собранието на Република Македонија, од Министерството за одбрана на РМ, делегации од политичките партии, од сите општини на Град Скопје, делегации од дипломатскиот кор во Македонија, како и од здруженија на граѓани и други организации.
