Актуелно
ФОТО: Поставени палми во паркот „Македонија“
Насловната фотографија е преземена од порталот Мкд.мк
Жителите на Скопје овие денови можеа да ги забележат новите палми засадени во паркот „Македонија“, спроти Алумина.
Од претпријатието „Паркови и зеленило“ информираат дека со засадување на палмите почнале вчера. До денеска имале налог за засадување на 13 палми. Тие велат дека не го знаат точниот број на палми кои ќе бидат засадени во овој парк.


