Актуелно
Извештај на Стејт Департментот: Критики за владеењето на правото и состојбата со медиумите во Македонија
Американскиот Стејт Департмент вчера го објави Годишниот извештај за почитување на човековите права во светот во 2014 година.
Во делот на извештајот за Македонија се наведува дека најзначајните прашања за почитувањето на човековите права произлегуваат од нивото на корупција во земјата и од нецелосното почитување на владеењето на правото, а извештајот содржи забелешки и за состојбата во медиумите, условите во затворите и дискриминацијата против Ромите и сексуалните малцинства.
– Најзначајните проблеми со човековите права произлегуваат од значајното ниво на корупција и од неуспехот на властите целосно да го почитуваат владеењето на правото, вклучитлено со продолжувањето на ограничувањето на медиумските слободи, мешање во судството и селективно обвинување. Политичкото мешање, неефикасноста, фаворитизмот кон добро поставени личности, долгите процеси, кршењето на правото на јавно судење и корупција го карактеризираат судскиот систем, пишува во извештајот во кој како конкретни примери се наведени судските процеси против Мирослав Шиповиќ и Дејан Ставриќ.



