Вести
ФОТО: Снежен град на Попова Шапка
Стотина деца од повеќе основни училишта од Прилеп, Куманово, Виница, Скопје и Тетово учествуваат во изградбата на фигурите од снег во рамките на манифестацијата Снежен град што оваа година под името Снежна Бајка за првпат се одржува на Попова Шапка.
Организатор на активноста е Детскиот културен центар Карпош од Скопје. Досега Снежниот град се одржуваше во детското одмаралиште Бунец на Маврово, но од годинава е решено Попова Шапка да биде домаќин на манифестацијата.
Според директорката на ДКЦ Карпош, Ружа Ѓорѓеска, освен забавен настанот има и образовен и рекреативен каракатер бидејќи децата се дружат и преку ден додека работат на и со снегот, а во вечераните часови одржуваат квизови, маскенбали и спортски натпревари.



